СВЕТОТ НА ВЛАДИМИР ПУТИН СТАНУВА СЕ ПОМАЛ – Поради ‘страв’ од апсење го пропушти Самитот на БРИКС и се обрати преку видео-врска: “Во тек процесот на дедоларизација!“

БРИКС придонесува за зајакнување на општествениот и економскиот развој на нашите земји“, изјави денес преку видео-врска претседателот на Русија, Владимир Путин, обраќајќи им се на учесниците на овогодинешниот Самит на БРИКС.

Руската делегација во живо во Јужна Африка ја претставува министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

Овогодинешниот Самит на БРИКС започна денес, а ќе трае до 24. август.

Како што беше наведено пред Самитот, дел од главните теми за кои ќе се разговара на Самитот се проширувањето на организацијата, формирањето на единствената валута БРИКС, формирање на нова развојна банка, како и зајакнувањето на соработката со африканскиот континент.

Русија е одговорен извозник на храна“, порача Владимир Путин, истакнувајќи дека земјата успеала да постигне такви резултати и покрај санкциите кои и ја отежнуваат работата.

Западот лицемерно не обвинува за состојбите на светскиот пазар, а добар пример за тоа е Договорот за жито, кој требаше да го намали гладот ​​во светот и да им помогне на најсиромашните земји“, рекол во обраќањето Владимир Путин.

Претседателот на Русија посочи и дека Северниот морски пат е еден од важните проекти на Руската Федерација и дека земјата работи на овој проект за кој има предвидено повеќегодишен план.

Работиме на зајакнување на возниот парк и развој на целата инфраструктура“, нагласил Владимир Путин.

Коридорот Север-Југ е исклучително важен, бидејќи ќе ги поврзе северот на Русија и југот, односно северните пристаништа со пристаништата на Персискиот Залив и Индискиот Океан, со што ќе се зголеми транспортот на стока меѓу африканските и евроазиските земји.

Владимир Путин
Владимир Путин

Светот е во процес на дедоларизација“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тој додаде дека за време на Самитот ќе се разговара за сите аспекти на економската соработка, а во сето тоа голема улога има и Новата развојна банка, како и зголемената употреба на други валути освен доларот.

Санкциите денес имаат сериозно негативно влијание врз светската економија“, вели Владимир Путин.

Тој додаде дека во такви услови улогата на БРИКС придонесува за подобрување на светот.

Главната работа е да соработуваме според принципот на еднаквост, а тоа е суштината на идната соработка“, појасни тој.

Показателите најдобро покажуваат дека во последните десет години инвестициите на земјите од БРИКС се зголемени за шест пати. Вкупниот извоз на БРИКС достигна 20 отсто од вкупниот светски извоз. Уделот на земјите од БРИКС во светскиот БДП е речиси триесет проценти“, истакна претседателот на Русија.