„Направив список со 25 имиња но, сфатив дека е предолг“: Момчето го прашаа зошто пукал во другарите а одговорот е морничав (фото)

Ученик (14) од седмо одделение на ОУ „Владислав Рибникар“, кој на денешен ден, пред точно три месеци, изврши грозоморен масакр во кој со пиштолот на татко му уби девет негови врсници и училишен чувар, планирал да убие уште многу деца!

Како што пишуваат српските медиуми, тој им признал на инспекторите дека направил список со деца кои сакал да бидат мртви и открил дека неговата прва листа содржи над 25 имиња!

– Направив список за стрелање. На него имаше преку 25 имиња и сфатив дека е сепак премногу, па се откажав од него. Тој ден кога дојдов на училиште решив да пукам во низа – раскажало момчето убиец.

Кога го прашале зошто го направил тоа, бидејќи тие му биле пријателите кои дошле на неговите родендени и тој одел кај нив, тој рекол дека тие не му се другари.

– Ме отфрлија, не ми беа пријатели. Затоа и го направив тоа – рекол најмладиот масовен убиец во Србија кој на истражителите им рекол дека злосторството го инспирирала документарна серија за масовни убијци во училиштата.

Да потсетиме, на 3 мај во 08:40 часот со ранец и два пиштола момчето-психопат влегол во училиштето, пукал во обезбедувањето, потоа во девојчињата кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во своето одделение VII/2 кои имале час по историја и ги убил соучениците во училницата. Тоа утро уби девет врсници и еден чувар, а рани четворица од нив.

Кога завршил крвавиот пир, отишол во училишниот двор, ги фрлил пиштолите и повикал полиција. Се претставил, кажал што направил и мирно чекал инспекторите да дојдат по него.

-Јас сум психопат – било првото нешто што момчето убиец, кое тогаш имало 13 години, поради што не е кривично одговорно според законот, и’ рекол на полицијата.

Истиот ден бил сместен во психијатриска клиника каде и понатаму е под максимално обезбедување. Од станот во кој живеел со родителите, полицијата запленила компјутери, како и списоци и деталните планови што ги направил.

Истиот ден кога момчето-убиец го изврши масакрот, неговиот татко е уапсен и сè уште е во притвор. Тој се товари дека не го чувал соодветно оружјето што го поседувал и дека неговиот син го употребил кобниот ден, така што тогаш тринаесетгодишното момче можело да дојде до него. Неговиот татко исто така, неговиот син го носел во стрелиште и го научил да пука прецизно.

Во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против таткото, момчето-убиец беше сослушано и како сведок преку видео врска воспоставена меѓу клиниката и обвинителството. Иако има право да не сведочи против својот татко, момчето реши да одговори на прашањата на обвинителот, на претставниците на семејствата на повредените, адвокатот на таткото, но и на родителите на децата кои ги убил.

На распитот, според неофицијални информации, тој признал дека татко му го однел на стрелиште и се гордеел што пукал. За да го научи синот да пука, таткото наводно го ангажирал најдобриот инструктор на стрелиштето.

– Отидовме на стрелиште да работиме на нашата врска. Таткото се гордееше, пукав во концентрични кругови и без грешка ги групирав погодоците – рекло момчето убиец, кого татко му го снимал како пука во стрелиште, а потоа ја испратил снимката и им ја покажал на пријателите, фалејќи се со способностите на синот. .