НАРЕДЕНА ИТНА ЕВАКУАЦИЈА НА ГРАДОТ НА ГРАНИЦАТА СО ЛИБАН: Врие на север, Хезболах пука со оружје, армијата подигна хеликоптери

Наредена е итна евакуација на израелскиот град Метула, кој се наоѓа блиску до границата со Либан .

Херец наведува дека на жителите на израелскиот град им било кажано веднаш да се евакуираат. Медиумите неофицијално јавуваат дека главниот штаб на израелската армија свикал итен состанок поради ситуацијата на израелско-либанската граница, каде ситуацијата полека излегува од контрола.

Израелската армија претходно објави дека во вторникот околу 15 ракети биле истрелани од либанска територија , четири биле пресретнати, а 10 наводно паднале на отворени подрачја.

Се вели дека хеликоптерот потоа го погодил набљудувачкиот пункт на либанското движење Хезболах како одговор на лансирањето ракета од Либан.

– Хеликоптер на ИД погоди набљудувачка станица на терористичката организација Хезболах како одговор на противтенковска ракета што неодамна беше истрелана од либанска територија кон воено возило во областа Авивим – се вели во соопштението на израелската армија на Телеграм.

Двајца израелски војници наводно биле убиени при гранатирање на либанската граница. Ова го пренесува ТВ каналот i24News, повикувајќи се на воен извор.