Наскоро бесплатен интернет на Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји во Тирана изјави дека од земјите во регионот наскоро очекува да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.

На завршната конференција по Самитот на лидерите на шесте земји од Западен Балкан, тој рече дека времето за чекање за влез во Европската Унија (ЕУ) поминало.

„Потребно е учество на регионалниот пазар, каде државите би можеле да се натпреваруваат. Потоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена за прием на нови членки. Ако сакате да бидете третирани како дел од ЕУ, тогаш мора да ги третирате и државите од регионот како такви“, рече Вархеји.