НАСТАВНИЧКА ЗЛОУПОТРЕБУВАЛА 15-ГОДИШНО МОМЧЕ ВО НЕЈЗИНИОТ АВТОМОБИЛ – Му пишувала експлицитни пораки и му кажувала: “Со мене невиноста…“

Наставничка од Луизијана, наводно, испратила разголени фотографии на 15-годишно момче, а потоа го допирала несоодветно во нејзиниот автомобил со нејзиното мало дете и му рекла на тинејџерот да не се грижи бидејќи таа нема да биде таа што ќе му ја земе неговата невиност.

Тејтум Хеч (32 г.) е уапсена во средата откако таа и тинејџерот разменувале експлицитни пораки околу една и пол година во кои таа му предлагала да се качи преку прозорецот од нејзината спална соба за да има секс со неа, се наведува во судските документи.

Пред околу една година, двјацата се сретнале во близина на домот на жртвата каде Тејтум Хеч наводно го допирала по гениталиите момчето додека нејзиното дете било во автомобилот, според судските документи, објавија американските медиуми.

Наставничката и по вторпат му кажала на тинејџерот дека се плаши дека ќе најде некој друг да му биде „прва“ откако момчето и кажало дека е исплашено.

Наводната врска завршила кога таткото на жртвата дознал и контактирал со полицијата.