Лидија Пинто (38), професорка по физичко од Њу Џерси, е уапсена под сомнение дека има емотивна врска со ученик.
Таа беше обвинета за тежок сексуален напад од прв степен и уште две точки за сексуален напад од втор степен.
Против неа е покрената истрага на 16 октомври откако полицијата добила анонимен мејл во кој пишувало дека Лидија е во врска со студент.
Студентот со кој била во врска сега е полнолетен и за случајот раскажал во полиција.
-Оштетениот пријавил дека започнала врска со поранешната наставничка Лидија Пинто. Тој понатаму изјавил дека врската станала сексуална кога тој имал меѓу 14 и 15 години и продолжила до последната година од средното училиште, се вели во соопштението на американското обвинителство.
Лидија помина седум дена во затвор, а потоа беше пуштена да се брани од слобода.