Наставничка силувала ученик! Сè започнало кога жртвата имал 14 години

Лидија Пинто (38), професорка по физичко од Њу Џерси, е уапсена под сомнение дека има емотивна врска со ученик.

Таа беше обвинета за тежок сексуален напад од прв степен и уште две точки за сексуален напад од втор степен.

Против неа е покрената истрага на 16 октомври откако полицијата добила анонимен мејл во кој пишувало дека Лидија е во врска со студент.

Студентот со кој била во врска сега е полнолетен и за случајот раскажал во полиција.

-Оштетениот пријавил дека започнала врска со поранешната наставничка Лидија Пинто. Тој понатаму изјавил дека врската станала сексуална кога тој имал меѓу 14 и 15 години и продолжила до последната година од средното училиште, се вели во соопштението на американското обвинителство.

Лидија помина седум дена во затвор, а потоа беше пуштена да се брани од слобода.