Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека Алијансата потпишала рамковни договори во висина од 2,4 милијарди евра за муниција за Украина.
– Ова ќе им помогне на сојузниците да ги надополнат своите резерви додека продолжуваат да ја снабдуваат Украина, истакна Столтенберг.
Тој ја повтори поддршката за Украина, посочувајќи дека иднината на Киев е во НАТО.
– Додека работиме заедно за да ве подготвиме за таа иднина, НАТО ќе биде со Украина сè додека е потребно, нагласи Столтенберг.
Зеленски му се заблагодари на Столтенберг за неговата поддршка, додавајќи дека е особено важно кога некои бараат да се прекине воената поддршка за Украина.