НАТО СЕ ПРОШИРУВА И НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК !? Кина повикува на ‘голема претпазливост’ во врска со проширувањето на НАТО во Азија: “Тие го нарушуваат регионалниот мир и стабилност!“
Кина во четвртокот соопшти дека е потребна „голема претпазливост“ во врска со проширувањето на НАТО кон исток, откако медиумите објавија дека алијансата планира да формира канцеларија во Јапонија за да ги олесни консултациите со сојузниците во регионот.
НАТО планира да ја отвори својата прва канцеларија за врски во Азија, во Јапонија, за да ги олесни разговорите со безбедносните партнери како Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, имајќи ги предвид геополитичките предизвици што ги поставуваат Кина и Русија, објави во средата весникот Nikkei Asia цитирајќи јапонски и претставници на НАТО.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, кажа дека – „Азија е перспективна област за соработка и развој и не треба да биде арена за геополитичка борба“.
„Постојаното ширење на НАТО кон исток во азиско-пацифичкиот регион, мешањето во регионалните работи, обидите за уништување на регионалниот мир и стабилност и поттикнувањето конфронтација на блокот бараат голема претпазливост во земјите во регионот“, вели Мао Нинг на редовната прес-конференција со новинарите.
Nikkei Asia објави дека предложената канцеларија треба да биде отворена следната година во Токио.
На прашањето за извештајот, портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску кажа дека Алијансата нема да навлегува во деталите од разговорите на сојузниците во НАТО.
„НАТО има канцеларии за врски и договори со бројни меѓународни организации и земји партнери, а сојузниците редовно ги оценуваат овие договори за да се осигураат дека најдобро им служат на потребите и на НАТО и на нашите партнери“, порача потпаролката.
Оана Лунгеску додаде дека НАТО има блиско партнерство со Јапонија кое континуирано расте.