Научете како да направите фантастични лебчиња – Рецепт за познатите питарки(босански сомун) (ВИДЕО)

Овој рецепт е брз, но и вкусен. Исклучително ќе го цените во моменти кога ве мрзи да одите во продавница по леб или за време на празниците кога продавниците не работат.

Подготовка:

Во еден сад ставете сол, шеќер, квасец и малку вода и оставете смесата да нарасне. Претресете го тоа во садот со брашно и студена вода, па измешајте. Оставете го тестото да отстои еден час.

Од тестото направете седум или осум топчиња. Секое развлечете го од 20 до 30 сантиметри, а доколку тестото се лепи за прсти, ставете малку брашно. Земете некоја дрвена или метална шипка со која ќе го „прошарате“ тестото, односно ќе го притиската додека направите мрежа. Одозгора може да ставите црно семе и сусам.

Рерната добро загрејте ја, па потоа ставете ги сомуните да се печат.

Добар апетит!