Научникот тврди дека клучот за долговечноста лежи во избегнувањето на пет намирници

Валтер Лонго, професор по геронтологија, научник и директор на Институтот за долговечност на УСЦ во Калифорнија, вели дека сака да живее од 120 до 130 години. Тој толку многу проучувал зошто некои луѓе живеат долг и здрав живот што може да се каже дека бил, како што опишува тој, опседнат со долговечноста.

,,Италијанскиот начин на живот долго се сметаше за златен стандард за долговечност. Тоа е народ фокусиран на медитеранската исхрана, пешачењето и дружењето. Сепак, денес речиси никој во Италија не јаде медитеранска храна”, вели овој роден Италијанец.

Тој тврди дека младите во Италија се соочуваат со дебелина поради, како што вели, токсичната храна, имено: пица, тестенини, протеини, компири и леб.

„Се плашам дека Италијанците ќе живеат долго, но не и здрави, ако оваа шема продолжи да доминира“, додаде тој.

Се прашувате како да го промениме ова? 

Лонго е автор на книгата The Longevity Diet, во која се залага за медитеранска исхрана базирана на растителна храна и јаткасти плодови.

Тој, исто така, се залага за лажен пост или диета која го имитира постот. Ова се однесува на ограничување на внесот на храна во одредена временска рамка од денот.

„Таквата диета предизвикува збир на заштитни мерки кои телото ги има развиено преку природната селекција, што му овозможува на телото да ги оптимизира своите перформанси, да ги подмладува своите клетки и да напредува во тешки околности“, објаснува Лонго на својата веб-страница.

Диетата што ја следи вклучува храна ниска со јаглени хидрати и протеини и богата со масни киселини. Некои од овие јадења се слатко-кисели сардини, полнети артишок и пржени зелка и кромид во сос од ореви.