Судскиот совет донесе одлука за престанок на судиската функција на Софија Спасовска Медарска поради избор за член на ДКСК

 Судскиот совет донесе одлука за престанок на судиската функција на Софија Спасовска Медарска, поради избор за член на Државната комисија за спречување на корупција.

Советот со седум гласа за на денешната 476. седница донесе одлука за престанок на судиската функција на судијката Софија Спасовска Медарска од Основниот граѓански суд Скопје заклучно со 7 февруари годинава.

Софија Спасовска Медарска беше избрана за член на ДКСК во Собранието од 22 декември 2023 година.