Астрономите открија ѕвезда со две лица и се збунети од нејзиниот бизарен изглед, односно фактот дека има две сосема различни страни.
Едната страна на белото џуџе Јанус е целосно направена од водород, а другата од хелиум. Ова е прв пат астрономите да откријат осамена ѕвезда која се чини дека спонтано развила две сосема различни лица.
“Површината на белото џуџе целосно се менува од едната на другата страна. Кога ќе им ги покажам набљудувањата на моите колеги, тие се целосно воодушевени”, вели д-р Иларија Кајако, астрофизичар од “Калтек”.
Објектот, кој е оддалечен 1.000 светлосни години и се наоѓа во соѕвездието Лебед, го добил името Јанус по дволичниот римски бог на почетокот, крајот и промената.
Првично беше откриен од инструментот Звики, кој го надгледува небото секоја вечер од опсерваторијата Паломар во Калтек во близина на Сан Диего.
Кајакова бараше бели џуџиња, а еден од најдобрите кандидати беше ѕвезда која брзо го менуваше количеството светлина што ја емитува.
Понатамошните набљудувања открија дека Јанус ротира околу својата оска на секои 15 минути. Спектрометриските мерења, кои даваат хемиски отпечаток од прсти на ѕвездите, покажаа дека едната страна на објектот е направена речиси исклучиво од хелиум, а другата од водород.
Ако погледнете внимателно, двете страни се слични по осветленост, но хелиумската е „нагласена“, како и нашето Сонце.
Едно објаснување за овој изглед е дека Јанус минува низ ретка транзиција што се случува за време на револуција на бело џуџе.
Белите џуџиња се остатоци од ѕвезди како нашата. Како што стареат, тие стануваат црвени џинови, а во подоцнежниот животен циклус надворешниот материјал исчезнува бидејќи јадрото се собира во густо, огнено и врело бело џуџе кое има маса на нашето Сонце и е со големина на Земјата.