Украинската манекенка се појави на насловната страница на „Плејбој“: „Таа е симбол на отпорот“ 

Манекенката и ТВ водителка Ирина Билосерковец се појави на насловната страница на машкото списание „Плејбој“ како симбол на украинскиот отпор.

Да потсетиме, Ирина минатата година во февруари беше подложена на лекување и бројни операции, бидејќи при вооружениот напад на Украина се здоби со тешки телесни повреди.

Таа била лекувана во болница во Берлин, а сега за „Плејбој“ открила како се чувствувала по реконструкцијата на лицето.

„Ми недостасува едно око, косата ми беше избричена по операцијата, имав големи конци и рани, а лузните останаа. Изгледав како чудовиштето на Франкенштајн. Немам убаво лице, но остатокот од телото ми е совршено“, изјави Ирина.

Морала да помине низ четири тешки операции, бидејќи животот и бил во опасност.

“Веќе не беше прашање за зачувување на мојата убавина, туку за живот. Лекарите мислеа дека ќе умрам. Сепак, како што можете да видите, преживеав и ќе продолжам да се борам”, рекла таа.

Според уредниците на магазинот, Ирина е вистинска хероина, чија животна приказна беше претставена во изданието „Жените остануваат силни“.

Споменатото издание на магазинот „Плејбој“ е посветено на жените кои и покрај случувањата во Украина останале живи и не ја изгубиле волјата за живот.