Научниците во Перу пронашле фосил на речен делфин стар 16 милиони години (ФОТО)

Научниците откриле 16 милиони години стар фосил череп на речен делфин во Перу, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот речен делфин во индиската река Ганг.

Палеонтологот Родолфо Салас изјави дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живеел во водите на Јужна Америка, пренесува Ројтерс.

Делфинот наречен „Pebanista yacuruna“ по перуанското митолошко суштество е долг од три до три и пол метри, а некогаш живеел во водите на денешен Амазон.

– Овој делфин е сроден со делфинот Ганг во Индија – рече Салас, истакнувајќи дека делфинот пронајден во Перу е многу поголем од неговите живи роднини во Азија.

Научниците во Перу пронајдоа фосил од речен делфин

Тој додаде дека предците на двата делфина претходно живееле во океанот.

– Ова им овозможи да заземаат големи океански простори во близина на бреговите на Индија и Јужна Америка. Овие животни живееле во слатководни средини и во Амазон и во Индија. За жал, тие изумреа во Амазон, но преживеаја во Индија – изјави Салас.