Научниците останаа шокирани од откритието, тоа се нема случено во последните 10.000 години, но веќе утре е можна глобална катастрофа!? (ФОТО)
Струите на Атлантскиот океан опасно ослабнаа и ова е „многу лоша вест за климатскиот систем и човештвото“, се вели во истражувањето објавено во научното списание Science Advances.
Користејќи компјутерски модели и архивски податоци, истражувачите развија индикатори кои можат навреме да ги предупредат за потенцијален распад на Амок, циркулацијата на огромниот систем на струи на Атлантскиот океан, инаку клучна компонента за заштита од климатски промени. Научниците сведочат дека биле шокирани од резултатите.
Aquí os dejo el paper original: https://t.co/xfdPINUWXU
— Mar Gómez (@MarGomezH) February 12, 2024
Имено, моделите прогнозираат дека последиците ќе ги почувствуваме многу порано отколку што некој мислел, пишува Гардијан. Се движиме кон промена на океанските струи невидена во повеќе од 10.000 години што би имала страшни импликации за големи делови од светот, предупредуваат научниците.
Што е Amoc?
Амок е систем на силни океански струи, кој пренесува значителен дел од топлинската енергија од тропските географски широчини и јужната хемисфера во северниот дел на Атлантскиот Океан, каде топлината се пренесува во атмосферата. Овој процес значително го успорува влијанието на глобалното затоплување предизвикано со човечка активност.
Atlantic Ocean circulation nearing ‘devastating’ tipping point, study finds https://t.co/3ItfW2swUX
— The Guardian (@guardian) February 10, 2024
Ако дополнително ослабне, нивото на морето во Атлантикот ќе се зголеми за еден метар, поплавувајќи многу градови во близина на океанот. Јужната хемисфера би станала потопла, додека Европа драматично би се оладила и би доживеала помалку врнежи. Но промените би се случиле 10 пати побрзо отколку сега и ќе го направат прилагодувањето на тие промени речиси невозможна.
Амок е првенствено оштетен од забрзаното топење на глечерите на Гренланд и ледените слоеви на Арктикот, а од 1950 година до денес е ослабен за 15 проценти и е во најслаба состојба во повеќе од еден милениум, покажаа неколку студии.
Засега нема консензус за тоа колку е сериозна ситуацијата. Една студија од минатата година, заснована на промените во температурите на морската површина, сугерираше дека пресвртната точка може да се случи помеѓу 2025 и 2095 година. Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство соопшти дека големите и брзи промени во Амок се „многу неверојатни“ во 21 век.
van Westen, R. M., Kliphuis, M., Dijkstra, H. A. (2024).
— Vaccinated Lone User of NIOSH-Certified Respirator (@JeanMichelFleur) February 12, 2024
Physics-based early warning signal shows that #AMOC is on tipping course.
Science Advances, 10(6).
https://t.co/jrUu3lMnrS pic.twitter.com/OBpN4PX4zG
Но, гореспоменатото, најново истражување, спроведено во јужниот дел на Атлантскиот Океан, помеѓу Кејп Таун и Буенос Аирес, открива дека ненадеен колапс на системот е можен секој момент во следните сто години.
Немаме доволно податоци – дали тоа ќе се случи следната година или во наредниот век, но кога ќе се случи, промените се неповратни. Тоа ќе биде поразително. Мора сериозно да ги сфатиме климатските промени – изјави Рене ван Вестен од Универзитетот во Утрехт во Холандија, кој го предводеше истражувањето.