Научниците откриваат како алкохолот го уништува нашиот мозок: Резлутатите се застрашувачки – еве колку време е потребно да се опорави после пијанство

Новото истражување на научниците од Универзитетот „Стенфорд“ покажа дека на мозокот му требаат дури 7,3 месеци за да се опорави од штетата предизвикана од алкохолот.

Прекумерното консумирање алкохол го зголемува ризикот од неколку проблеми поврзани со мозокот како што се деменција, мозочен удар и депресија, покажуваат студиите.

Новото истражување покажува колку време всушност му е потребно на мозокот да ја поправи штетата предизвикана од алкохолот, а тоа се месеци.

Научниците од Универзитетот „Стенфорд“ открија дека на мозокот му требаат 7,3 месеци за да се опорави. За време на тој период, алкохоличарите кои престанале да пијат ја повратиле вкупната дебелина на мозокот, откриле истражувачите.

Овие резултати ги поддржуваат адаптивните и корисните ефекти на одржливата трезвеност врз структурното закрепнување на мозокот“, велат тие во студијата.

Студијата, објавена во Science Direct, ги проучувала ефектите на трезвеноста врз мозокот на алкохоличарите. Тие испитале 133 луѓе – од кои 88 алкохоличари – да престанат да пијат и го анализирале нивниот мозок за да видат како тоа влијае на нив.

По седум месеци, дебелината на церебралниот кортекс значително се подобрила кај повеќето луѓе со зависност од алкохол. Тие кажале дека ова сугерира дека мозокот може да ја поправи и регенерира својата структура кога алкохолот повеќе не е фактор.

Сепак, тие предупредуваат дека студијата е спроведена само на неколку луѓе и дека мора да се направат дополнителни истражувања за да се потврдат позитивните наоди.