Научниците развија таблета против рак: Ги убива клетките на туморот, а здравите остануваат недопрени, револуционерен лек почна да се тестира на луѓе

Во тек е првата фаза од клиничките испитувања на луѓе.

Таблетата ефикасно ги третираше клетките добиени од ракот на дојката, простатата, мозокот, јајниците, грлото на матката и белите дробови

„Против канцер пилула“ ги убива канцерогените клетки додека ги остава здравите клетки непроменети, покажуваат истражувањата кои се водат во последните 20 години.

Претклиничките истражувања спроведени во Соединетите Американски Држави произведоа пилула која го „убива ракот“, односно ги „уништува“ цврстите тумори, а ги остава здравите клетки недопрени, пишува Sky News.

Пилулата, со кодно име AOH1996, се развива веќе 20 години и напаѓа канцерогена варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA), протеин кој се наоѓа во јадрото на клетките кои се размножуваат.

Во својата мутирана форма, PCNA е „клучна“ за резмножување на ДНК и поправање на сите „тумори кои се прошируваат“.

City of Hope, една од најголемите истражувачки и здравствени организации во САД, ја развива таблетата AOH1996.

Сега во САД почнуваат претклинички испитувања, а ги спроведува „City of Hope“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на рак, пишува Sky News .“

Пилулата позната како „AOH1996“ напаѓа канцерогена варијанта на протеинот наречен пролиферирачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA). Податоците сугерираат дека PCNA во клетките на ракот е единствена, што им овозможува на научниците да развијат лек кој конкретно ја напаѓа PCNA во клетките на ракот.

Професорката Линда Малкас, која го развила лекот, сликовито објасни како тоа функционира.

PCNA е како голем терминален центар во еден аеродром кој содржи неколку точки за пристап на авиони – рече професорката Линда Малкас , една од научниците кои работат на развој на таблетата.

Податоците сугерираат дека PCNA пронајдена во клетките на ракот е уникатно различна и тоа ни овозможи да дизајнираме лек кој исклучиво ја напаѓа PCNA во клетките на ракот – додаде Малкас.

Нашата таблета е како снежна бура што го исклучува клучниот центар на аеродромот. Ги приземјува сите авиони што носат клетки на рак – тврди Малкас.

Иако првичните резултати од претходно споменатото истражување се ветувачки, досега се покажа само дека таблетата AOH1996 може да го инхибира растот на туморот кај клеточните и животинските модели.

Во тек е првата фаза од клиничките испитувања на луѓе.

Се покажа дека пилулата е ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простатата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.