Научниците со години ги проучувале волците во Чернобил и откриле една неверојатна работа, сега се надеваат дека тоа ќе им помогне на луѓето да го преживеат ракот!?
Веќе е познато дека научниците со години го истражуваат животинскиот свет во зоната на нуклерката Чернобил, барајќи информации за тоа како радијацијата влијае на нивното здравје. Една група експерти се посвети на истражување на волците, кои се седум пати побројни во зоната отколку во околните области во Украина. Јасно е зошто е тоа така – во тој крај живеат исклучително мал број луѓе (дел од работниците кои се вработени на одржување и дел од жителите кои се вратиле таму), а храна има повееќе од што е потребно, па немаат природни непријатели.
Студијата што се занимавала со нив открила дека овие волци се генетски различни од членовите на истиот вид што живеат надвор од зоната. Поради нивната изложеност на радијација, тие развиле мутации кои ги зголемиле нивните шанси да преживеат рак.
Кара Лав, еволутивен биолог и екотоксиколог од Универзитетот Принстон, ги истражува повеќе од една деценија. Во 2014 година, таа и колегите отидоа во зоната и земаа примероци од крв од волците за да откријат како нивните тела реагираат на зрачењето кое води до развој на рак. Тие им ставија алки на некои од нив за да следат каде точно се движат и на колкаво зрачење се изложени. Во таа област, имено, зрачењето не е насекаде подеднакво високо – има одредени области каде што вредностите на радијацијата се речиси нормални, но на одредени точки, кои ги нарекуваат „жаришта“, се зголемуваат до неверојатни количини.
Добиваме податоци во реално време за тоа каде се и на колкаво зрачење се изложени – рече Лав, пишува IFLScience.
“Analysis suggests that parts of the wolves’ genome have developed some resilience to cancer” https://t.co/NfVRVOS4QZ
— The JRE Companion (@TheJRECompanion) February 9, 2024
Податоците покажуваат дека волците се изложени на зрачење поголемо од 11,28 милиреми дневно и во текот на целиот свој живот. За споредба, ова е шест пати повеќе од количината на зрачење што е дозволено за луѓето. Работниците кои се вработени во Зоната, имено, на секои две недели одат на работа на друго место, а потоа по одредено време се враќаат, се со цел да не апсорбираат критична количина на зрачење.
Научниците открија дека волците имаат изменет имунолошки систем, кој наликува на оној на пациентите на хемотерапија. Генетските истражувања сугерираат дека волците развиле некаков вид отпорност на развој на рак за време на нивниот живот во Зоната.
Слични податоци се добиени од стотици полудиви кучиња кои живеат во зоната. Минатата година, научниците спроведоа опсежни тестирања и открија дека овие кучиња се генетски различни од кучињата што живеат во остатокот од светот.
Истражувањето на Care Love може да има влијание и врз здравјето на луѓето. Таа се надева дека понатамошните истражувања ќе откријат точно кои заштитни мутации доведуваат до зголемена шанса за преживување од рак, што ќе им помогне и на луѓето.
Новото истражување беше претставено минатиот месец на годишниот состанок на Друштвото за интегративна и компаративна биологија во Сиетл.