Група општински претседатели во Њу Џерси, САД, повикаа на итен мораториум на проширувањето на морските турбини на ветер додека федералните и државните научници не утврдат дека бучавата од океанот предизвикана од мапирањето на морското дно, дупчењето и изградбата на турбините не претставува закана за китови, откако на источниот брег на САД беа пронајдени 18 мртви китови.
– Неодамна е забележан мртов кит како лебди на 20 километри од островот Лонг Бич – изјави Андреа Гомез, портпаролка на Атлантската рибарска асоцијација.
Таа додаде дека ова е шестиот грбав кит што умира во Њу Џерси, а 18-ти голем кит пронајден мртов на источниот брег од 1 декември.
Уште еден грбав кит умре на потегот од Њу Џерси до Њујорк, пронајден на плажата Лидо во Њујорк.
– Ние не сме против чистите извори на енергија, но загрижени сме за последиците од проектите како што се турбините на ветер врз животната средина – наведоа претседателите на 12 општини во Њу Џерси во писмото до официјалните лица во Вашингтон.