Нацијата во тотален шок: Мајката на познат бразилски спортист го пронашла мртов на каучот со слушалки во ушите

Страшна вест доаѓа од Бразил каде тамошниот лизгач Габриел Онмахт (23) е пронајден мртов во својот дом во Шафхаузен, Швајцарија. Несреќниот млад човек го пронашла неговата мајка на каучот со слушалки во ушите. Сè уште не е позната точната причина за смртта, а на телото немало повреди a во домот немалп кражба.

Онмахт се лизгаше помеѓу 2015 и 2017 година и беше еден од оние кои го донесоа овој спорт во Бразил. Таткото на Габриел е Германец, а мајка му Бразилка, па на 15 години го избра Бразил како земја што ќе ја претставува во лизгањето. Така, тој стана еден од првите брзи лизгачи во неговата земја.

Спортовите на мраз не се популарни во Бразил и Габриел значително придонесе за развојот на лизгањето и влезот на Бразил во Меѓународната унија за лизгање. Иако никогаш не учествуваше на Зимските олимписки игри, имаше доста забележителни резултати на меѓународни натпревари.

„Во име на целата спортска заедница на мраз, CBDG сочувствува со неговото семејство и пријателите. Бразилскиот спорт е благодарен за неговото незаборавно и важно наследство и жали за неговото предвремено заминување“, напиша Бразилската Конфедерација за ледени спортови (CBDG).