Начинот на кој Гадафи бирал девојки за својот харем е морничав: Во тие четири ѕида, жените имаа само една работа! (ФОТО)

Долгогодишниот либиски водач Моамер ел Гадафи важеше за девијантен диктатор без мерка, а за неговиот харем составен од девојчиња и момчиња сè уште се зборува со ужас и вознемиреност.
Единаест години по неговата смрт на виделина излегуваат ужасни приказни за неговата бруталност. Многумина Либијци и денес молчат затоа што се плашат од одмазда од оние кои остануваат лојални на нивниот покоен лидер.
Сепак, вистината за силувањето и злоупотребата на над илјада тинејџерки кои биле тепани, силувани и принудувани да бидат сексуални робинки на Гадафи за време на неговото 42-годишно владеење не може да се сокрие.
Повеќето од девојките беа девици, киднапирани од училишта и од универзитет и одведени во тајното дувло на Гадафи скриено во Универзитетот во Триполи или во една од неговите многубројни палати.

Како изгледале дувлото на Моамер ел Гадафи?
Девојките, кои му биле сексуални робинки, биле принудени да гледаат порно филмови секој ден за да се „едуцираат“ за Гадафи. Дури и оние кои успеале да побегнат од тој „затвор“, никогаш не се вратиле кај своите блиски, бидејќи сметале дека се засекогаш се посрамотени пред своето семејство и пред Алах.
Кога Гадафи беше убиен од разбеснета толпа, неговите соработници веднаш отидоа во неговото дувло за да уништат што е можно повеќе докази за развратниот начин на живот на нивниот лидер.

Дувлото се состоело од една соба со брачен кревет, осветлена со портокалова светилка. До таа соба имало гинеколошка ординација каде што девојчињата биле прегледани за да бидат сигурни дека Гадафи нема да навлече некоја болест, а некои од нив дури и абортирале во таа гинеколошка ординација, бидејќи Гадафи не сакал деца со нив.
Покрај овие две простории, имало и една со џакузи што Гадафи со задоволство ја користел.
Како Гадафи ги наоѓал „жртвите“?

Гадафи имал обичај да посетува училиштата и универзитетите каде студентки беа канети на неговите предавања. Додека зборувал пред својата публика, тој немо ја скенирал салата во потрага по атрактивни девојки. Пред да замине, ги тапкал по глава оние што ги „избрал“. За неколку часа неговите приватни телохранители ќе ги киднапираат тие девојки. Ако нивните семејства се обидел да ги спасат од канџите на Гадафи, биле убивани.

Некои од девојчињата имале само 14 години и биле буквално деца. Девојките што ќе ги искористел, потоа едноставно биле фрлани на некој паркинг или во шума, каде биле оставени да умрат.
Една од девојките која го преживела малтретирањет на Гадафи сведочела за тоа како била киднапирана кога имала 15 години, а потоа била однесена кај водачот. Прво ја избањале, ја издепилирале, ја облекле во танга и неглиже, ја нашминкале и ја однеле во собата во која Гадафи лежел гол. Тој ја силувал неколку пати во текот на седумте години додека била заробена, пред да успее да побегне. Таа раскажува дека Гадафи користел кокаин, вијагра и алкохол.

Гадафи бил оптоварен со својот физички изглед
Една ноќ во неговиот бункер во Триполи бил доведен бразилски хирург и на кого му било наредено да му вбризга сало од стомакот во збрчканото лице. И покрај болката, Гадафи не сакал целосна анестезија, бидејќи се плашел дека некој може да го убие додека е без свест.
Гадафи формирал и тим од женски телохранители, кои ги користеч за секс, но биле принудувани и да ги гледаат варварските убиства на неговите ривали.
Тој со децении бил опкружен со млади и убави жени, облечени во униформи, нашминкани и со совршени маникир. Но, малкумина знаат дека и тие биле силувани.

-Жените прво ги силуваше диктаторот, а потоа беа предаване на неговите синови и на крај на високи државни функционери. Нема сомнеж дека овие жени неколку пати се обиделе да си ги одземат животите. Сепак, не беа поштедени ниту момчиња. Гадафи сексуално злоставуваше и момчиња. Беше ужасно девијантен. Ми носеа млади момчиња кои ги силуваше и ги нарекуваше „група за услуги“. Имаше харем за злоупотреба, изјави во една прилика поранешниот шеф на протоколот на Гадафи, Нури Ал Мисмари.