,,Никогаш не ја плаќам сметката на љубовен состанок, тоа е машка работа!” – Ја нарекуваат спонзоруша а нема да ви се верува со што се занимава оваа девојка (ВИДЕО)

Инфлуенсерката Ела Фрејман, која има над 19.000 следбеници на Тик Ток, вели дека никогаш не би ја платила сметката на љубовен состанок бидејќи има „високи стандарди“ и затоа што смета дека неа секогаш треба да плати мажот.
За неа, излегувањето со маж кој не е великодушен и не е подготвен „да го отвори“ својот паричник не е опција.

Оваа 24-годишна жена додава дека треба да биде правило мажот да ги плаќа сметките на љубовни состаноци, а секоја жена што се почитува не треба да прифати ништо помалку од тоа. Таа вели дека вредностите до кои се придржува ги научи од сопственото семејство.

-Имав доволно среќа да пораснам со двајцата родители, па имав јасен пример за тоа како родителските улоги ги градат темелите на здрава и долготрајна врска. Пораснав со татко кој заработуваше и мајка која се грижеше за нас и која беше во можност да ги воспитува своите деца и да биде домаќинка, објаснува Ела.
Таа смета дека ако ја поделат сметката на љубовен состанок, тоа значи дека од неа се очекува да биде 50 проценти машко, бидејќи оној кој не сака да ја плати сметката не ја знае својата улога во врската.

Научив дека мажите кои не ги плаќаат сметките не го ценат времето и напорот што жената ги вложува во себе за да изгледа најдобро за тој маж. Плус, 50 проценти од мажите не ни сфаќаат дека жената инвестира во себе уште пред самиот состанок. Со тоа што не се согласува да ја дели или плати сметката, жената го задржува своето достоинство и воедно избегнува лоши искуства со мажите, додава Фрејман.
Инаку, Ела живее во Њујорк и во моментов е во врска. Објаснува дека не ѝ се допаѓаат што многумина ја нарекуваат „спонзоруша“, но вели дека под тој поим подразбира жена која одбивада биде со маж кој не ја почитува.

Поимот „спонзоруша“ се однесува на жена која е гладна за пари. Сепак, тој израз се користи за секоја жена која ќе одлучи да ги подигне стандардите во врската и од партнерот очекува да биде финансиски стабилен и да се грижи за неа. За жал, има многу мажи кои се фрустрирани со својот живот, не се финансиски стабилни и тоа ги прави длабоко несигурни. Исто така, мислам дека жените треба да научат секогаш да го добиваат она што го сакаат. Мажите немаат проблем да бараат интимност и женска послушност, па зошто жените да имаат дилеми дали да саккат да им се задоволат потребите?, смета Фрејман.
Според Ела, потребата од одредени работи не е поврзано само со пари, туку и за оценка на напорот што еден маж е подготвен да го вложи. Таа е решена да им помогне и на другите девојки да го прифатат овој став во животот и себеси се нарекува „експерт за љубовни состаноци“. Таа ги советува жените да не прифаќаат „одење на кафе“ како форма на љубовен состанок.

Излегувањето на кафе е непочитување на жените и губење време. Тоа кажува многу за намерите на мажот со таа жена. Мажот кој предлага да излезете на кафе не смета дека вредите за неговото време и труд и веројатно ги штеди своите пари за да може да излегува со што повеќе жени со минимален напор, тврди Ела.
И покрај реакциите што ги добива на социјалните мрежи, Ела тврди дека има многу заблуди за жените кои бараат повеќе од своите мажи.

Повеќето луѓе мислат дека сме себични, но јас не мислам дека е тоа вистина. Жената со високи стандарди знае што нуди и го очекува истото за возврат. Друго тврдење е дека не сакаме да работиме или сме мрзливи, но жената со високи стандарди во врската секогаш се грижи мажот да може да и обезбеди се, во случај таа да не сака да работи. Сум видела како жени градат кариера и се фокусираат на себе, додека мажот се грижи за нив. како што се емоционална стабилност, квалитети за негување и поддршка, вели таа.
Фрејмен тврди дека многу истражувања покажале оти мажите не можат да живеат без жена.

Ние го подобруваме животот на мажот во сите аспекти и бидејќи знаеме што вложуваме, очекуваме и мажот да даде свој придонес во тоа, потенцира инфлуенсерката.
Ела раскажува за случај кога и помогнала на една многу интелигентна жена, која работела како финансиски советник.

Таа работи на место полно со богати луѓе и милионери, но се трудеше да го привлече вниманието на мажи кои ја сфаќаат сериозно. Преку различни тренинг сесии, таа успеа да се чувствува удобно со нејзината женственост и да поставува граници, што доведе до тоа да има група мажи подготвени да и се додворуваат и да ја бараат за сериозна врска, се присетува Фрејман.