,,Нашите деца настрадаа од рацете на дете!”- Карлеуша длабоко потресена од масакрот во Врачар: Ова е предупредување
Јелена Карлеуша се огласи преку социјалните мрежи и им изрази сочувство на семејствата на жртвите на децата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Карлеуша, која е длабоко потресена од оваа трагична вест, смета дека ова е предупредување за сите нас:
– Црн ден за Србија. Невидена трагедија. Нашите деца настрадаа од раката на дете. Детето уби осум деца, а има и такви кои се борат за живот. Детето го зело пиштолот од татко му и со списокот за стрелање отишло во основно училиште. Детето убило мирно и кротко, одличен ученик и од добро семејство. Детето не покажа милост. Ова нека биде потсетник за тоа во каков свет живееме и како ова лудо време влијае на нашите слабости. Насилството со кое се бомбардираат децата од сите медиуми, од сите животни структури го направи своето. Ова е предупредување за сите нас. Сочувство до семејствата на децата кои ги загубија животите, нека Универзумот им даде сила во оваа трагедија… и ако има правда нека преживеат сите деца кои во овој момент се борат за живот како нивната учителка – напиша Јелена.
Да потсетиме, во пукањето што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар од четиринаесетгодишно момче, загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест деца и еден наставник кои моментално се згрижени во Ургентен центар.