Наш армиски тим помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција (ВИДЕО)

– Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините.

-По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.