НАЈБАРАНИОТ КЕЛНЕР НА СВЕТОТ: Подготвени се да платат 11.000 евра плата, но не можат да најдат работници!

Филип и Кристин фон Стум објавија оглас во Соферсторф,како сопственици на стара дрвена фарма со ресторан каде се одржуваат свадби и семинари.

Дури 11.000 евра месечно нудат за келнер во ресторан во Долна Саксонија кој веќе некое време има проблеми со наоѓање работна сила. Филип и Кристин фон Стум објавија оглас во Соферсторф, како сопственици на стара дрвена фарма со ресторан каде се одржуваат свадби и семинари.

-11.000 евра! Отсега па натаму – велат во огласот, а пренесува Fenix ​​Magazine. Иако сопствениците рекоа дека можат да организираат околу 50 свадби годишно, поради недостаток на работна сила, тие можат да одржат само помеѓу 10 и 15.

Инаку, кога станува збор за работните места и платите во Германија во јуни имало 33.160 слободни работни места во угостителството, додека Дехога, организација која ги обединува угостителите, претпоставува дека реалната бројка е двојно поголема.

-Во хотелот на колега, целиот персонал во кујната дал отказ за една недела – изјави синдикалецот Себастијан Ризнер.