НАЈБРЗ НОКАУТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ММА! Морничава сцена: Со брутален удар го ПАТОСИРАШЕ својот ривал во втората секунда! (ВИДЕО)

Веројатно најбрзиот нокаут во историјата на ММА е забележан на настанот „Titan FC 83“ во Мајами.

Борецот Луис Хернандез успеа да го нокаутира својот ривал Брајан Топ во втората секунда.

Штом судијата даде знак да започне борбата, Ернандез изведе финта. Се чинеше дека ќе му подаде рака на ривалот за да се поздрави, Топ наседна и му подаде рака, а неговиот ривал го искористи тоа и силно со ногата го удри во глава.

Топ во истиот момент заврши на подот, а судијата го прекина натпреварот.

Поради потегот на Хернандез на социјалните мрежи се крена жестока бура. Многумина веруваат дека неговиот гест бил прилично неспортски.