НАЈГОЛЕМАТА ТРАНСФЕР-БОМБА ОВА ЛЕТО: Мбапе се сели во Реал Мадрид со трансфер вреден 250.000.000 ЕВРА!

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Французинот Килијан Мбапе по шест години го напушта Париз Сен Жермен.

По разговорот со најголемата ѕвезда на тимот, сопственикот на Парижаните, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани реши да го продаде скапиот Французин.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува следното лето и одличниот фудбалер не сака да го продолжи, а емирот на Катар не помислува да пушти играч без оштета за кој годишно троши 72 милиони евра, па решил веднаш да го продаде.

Наводно, Мбапе се сели во Мадрид.

„Мбапе ќе премине во Реал Мадрид. Емирот на Катар и Флорентино Перез се договорија за цена од 200 милиони евра, плус 50 милиони евра бонуси“, тврдат француските медиуми.

Мадриѓаните со години се обидуваат да го доведат младиот Французин и се чини дека конечно ќе успеат во својата цел.

Да потсетиме, Мбапе во ПСЖ пристигна во 2017 година на позајмица од Монако, а потоа за него беше платено обештетување од 180 милиони евра. За парижаните одигра 260 натпревари, постигна 212 гола и забележа 98 асистенции.