НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ ЈА ИЗНЕВЕРИ СО ДАДИЛКА, СЕГА ЧЕКА ДЕТЕ СО 15 ГОДИНИ ПОМЛАД: Дали е ова одмаздата на убавата актерка?

Настанот, кој го иницираше модната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, е опишан како британски одговор на култниот Мет Гала бал, а меѓу познатите дами беше и модна кралица Сиена Милер, со гол стомак, со која таа потврди дека го чека своето второ дете.

Сиена Милер

Едно од највпечатливите изданија го прикажа Сиена која го чека своето второ дете. Првото дете го добила со дечкото Том Стариџ, ќерката Марлоу, додека второто го чека со дечкото Оли Грин, кој е 15 години помлад од неа. Облечена во креација од висока мода на италијанската куќа Schiaparelli, Сиена покажа дека ужива во втората бременост .

Актерката го откри својот гол труднички стомак во дводелен костим во крем боја составен од предимензиониран кроп топ со набори, големи ракави и класична јака, во стил на авангардна кошула. Одоздола носеше детално надувано здолниште во форма на топка, кое со својата боја, материјал и текстура наликува на шлаг.