НАЈГОЛЕМИОТ ШМЕКЕР НА ХОЛИВУД 30 ГОДИНИ ЈА САКАЛ САМО ОВАА ЖЕНА: Разводот ГО ШОКИРАШЕ Светот, а некогаш тврдел дека ќе ОСТАРЕ ПОКРАЈ НЕА

Во понеделникот , еден од најголемите холивудски луѓе, Хју Џекмен , објави дека се разведува по 30 години брак . Целиот свет се восхитуваше на нивната љубов и посветеност, тој рече дека ќе бидат засекогаш заедно, но очигледно, засекогаш е малку пократко.

Двојката беше заедно од 1996 година, што само по себе е доволен доказ дека тие беа редок спој, иако на почетокот никој не им даде голема шанса. Имено, Дебора е 13 години постара од познатиот актер, но општеството не гледаше проблем само во тоа, туку и во тоа што оваа русокоса дама не е класична холивудска убавица.

Хју Џекмен, Дебора Ли Фурнес

Тие отидоа дотаму што ја нарекоа „ најгрдата среќна девојка на светот “, бидејќи успеа да го заведе и задржи еден од најпосакуваните мажи – згодниот, славен, богат, шармантен Хју Џекмен.

Но Џекмен веднаш знаеше дека никоја друаг нема да се појави за него. Така беше се до денес, а нивната врска беше светол пример за стабилност и заедништво.

-Кога ја запознав, не можам да опишам што чувствував. Но, јас бев свесен за се. Никогаш во животот не сум бил толку сигурен во ништо. Знаев со 100% сигурност дека таа е таа со која ќе го поминам остатокот од мојот живот. Што и да се случи, знам дека ќе бидеме заедно. Таа е навистина најдобрата жена што сум ја запознал“, изјавил актерот еднаш.

Инаку, парот долго време работеше на потомство, а по низа неуспешни обиди конечно посвоија две деца – синот Оскар (21) и ќерката Ава (16).