Најголема нарачка доби германската компанија Рајнметал

Германската компанија Рајнметал доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност  8,5 милијарди евра.

Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во нејзината одбранбена кампања.

Испораките се планирани да започнат на почетокот на 2025 година, соопшти компанијата.