‘НАЈГОЛЕМИОТ МОНСТРУМ ВО СВЕТОТ!’ – Јозеф Фрицл ја шокираше светската јавност со својата исповед: “Да, навистина се надевам дека тоа ќе се повтори…“
Силувачот Јозеф Фрицл во интервју за британскиот весник The Sun изјавил дека мисли дека неговото семејство ќе му прости за неговите злосторства и дека верува дека повторно ќе се соедини со нив.
87-годишникот признал и дека е голем обожавател на кралот Чарлс III и дека неговото крунисување го следел на телевизија во живо.
За потсетување, Јозеф Фрицл беше осуден на доживотен затвор во 2009 година, откако беше осуден за силување, ропство и убиство на својата ќерка, која ја чувал во подрумот повеќе од 24 години.
Јозеф Фрицл ја држел својата ќерка Елизабет заклучена во подрумот на семејната куќа во Амштетен, Австрија, ја силувал и со неа имал седум деца. Ја убедил сопругата дека нивната ќерка побегнала и се приклучила на култ, а всушност вистината била сосема поинаква и многу болна.
Едно од децата починало како доенче во 1996 година бидејќи Јозеф Фрицл не му пружил соодветна медицинска помош.
Од австрискиот затвор „Kremsu an der Donau“, Јозеф Фрицл изјавил за The Sun во изјавата објавена од неговата адвокатка Астрид Вагнер: „Ми недостига моето семејство многу, многу“ и додал: „Постојано размислувам за нив и за тоа како би сакал да ги видам моите внуци. Сигурен сум дека ќе се вратиме заедно и мислам дека ќе ми простат за тоа што го направив“.
Тој додал и дека му е „исклучително жал“ за она што го направил и дека „жали“ за неговите злосторства.