НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА – Хорор во Нови Сад: Продавач на оружје влетал во салон за солариум и ја застрелал својата девојка (26 г.), а потоа сам си пресудил…

Во средата маж влетал во салон за солариум во Нови Сад, Србија, и ја застрелал својата 26-годишна девојка. Девојчето починало на лице место, објавуваат српските медиуми.

После тоа, мажот си пукал во главата и од повредите починал во Клиничкиот центар во Војводина.

Според неофицијални информации, мажот бил продавач на оружје во продавница лоцирана недалеку од солариумот. Бил ловџија, а легално поседувал и оружје.