Најголемиот светски производител на чипови, тајванскиот TSMC, соопшти дека ќе изгради втора фабрика за полупроводници во Јапонија за да ја задоволи растечката побарувачка на клиентите.
Јапонската компанија JASM, која е во мнозинска сопственост на TSMC, планира да започне со изградба на нова фабрика за чипови до крајот на 2024 година, а објектот треба да започне со работа до 2027 година, јавува CNN (CNN).
Првата фабрика за полупроводници TSMC во Јапонија ќе биде пуштена во употреба до крајот на оваа година, а вкупната вредност на овие инвестиции ќе надмине 20 милијарди долари.
Проектот беше „силно поддржан од Владата на Јапонија“, како и од компаниите Toyota Motor и Sony, се додава во соопштението на TSMC.
Тајванскиот TSMC произведува околу 90 отсто од напредните светски полупроводници и ги снабдува глобалните технолошки гиганти како Apple или Nvidia.