НАЈГОЛЕМ ПОЖАР ВО ИСТОРИЈАТА НА ТЕКСАС: Американска компанија соопшти дека можеби е одговорна за катастрофата
Американската компанија за снабдување со електрична енергија „Xcel Energy“ денеска соопшти дека можеби е одговорна за најголемиот пожар во историјата на државата Тексас.
„Врз основа на моментално достапните информации, Xcel Energy признава дека е можно нејзините капацитети да биле вклучени во избувнувањето на пожарот Smokehouse Creek“, се вели во соопштението на Вашингтон пост.
Компанијата, која опслужува речиси четири милиони корисници на електрична енергија во неколку американски сојузни држави, додаде дека соработува со државните власти во истрагата за причините за пожарот.
„Ги охрабруваме луѓето чиј имот е уништен или оние кои изгубиле добиток во пожарот на Smokehouse Creek да поднесат барање до Xcel за компензација“, напишаа тие во соопштението.
„Smokehouse Creek“ го зафати Тексас речиси две недели, а на почетокот на март беше прогласен за најголемиот пожар што некогаш ја зафатил таа американска држава.
Пожарот зафатил околу половина милион хектари територија на Тексас, а досега се пријавени два смртни случаи.