Студената сезона започна, а многумина од вас се прашуваат како да ги избегнете епидемиите на вируси кои не очекуваат во наредните месеци. Идеална превенција е природен пијалок кој секогаш можете да го направите дома.
Користете две природни состојки и надминете ја настинката за кратко време.
Корисните ефекти на медот се добро познати на сите, а циметот се смета за еден од најздравите зачини.
Кога ќе ги комбинирате, ќе добиете здрав напиток кој исто така ќе ви помогне во сезоната на вируси.
Во 1 dl млака вода измешајте една лажица мед и две лажици цимет во прав.
Мешајте додека не се раствори медот. Ако сакате, можете да измешате само мед и цимет, без вода.
Пијте го напитокот два пати на ден, по можност три дена по ред.