Најдобра храна за брз и здрав раст на косата

Желбата да се постигне вечна убавина е меѓу најчестите и најприсутните меѓу луѓето

Меѓу најважните делови кои ја истакнуваат убавината се косата, која често е тешка за одржување.

Сепак, науката вели дека постојат некои намирници кои помагаат за брз и здрав раст на косата, пренесува Телеграф.

Храна богата со Омега 3: Јаткасти плодови, лосос, туна, семе од лен итн.

Храна богата со цинк: помага во регулирање на нивото на тестостерон и други хормони во телото, го одржува производството на масни жлезди во скалпот, помага во растот на косата и ги одржува здрави косата и скалпот. Храна богата со цинк се: говедско месо, говедски црн дроб, печено говедско месо, пченични никулци итн.

Храна богата со протеини: грчки јогурт, жолчки од јајце, јаткасти плодови, праски, пилешко, мисирка итн.

Храна богата со железо: спанаќ, црвено месо, мисирка, жолчки итн.

Храна богата со магнезиум: бадеми, спанаќ, ориз итн.