НАЈДОБРИОТ ПОЈАДОК ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА: Похована пита (со готови кори) со спанаќ и сирење, ВКУС КАКО НИКОЈ ДРУГ (ВИДЕО)

Доколку сакате да се најадете човечки, тогаш подгответе си го овој богат појадок

Ако сакате да јадете нешто специфично, а ви е доста од разни диети , тогаш подгответе си шампионски појадок :

Состојки :

  • 500 грама кора за пита
  • 300-350 гр спанаќ
  • 300 гр сирење
  • 50 мл масло
  • 100 мл пиво за навлажнување на кората.

За поховање:

  • 3 јајца
  • 200 мл пиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 5-6 лажици брашно

Подготовка : Направете фил од спанаќ, сирење и зачини. Кората за пита премачкајте ја со масло и пиво, па наполнете ја, завиткајте ја во ролат и оставете ја на страна. Подгответе ја смесата за панирање со матење 3 јајца, додавајќи пиво, сол и брашно. Потопете ги во тестото, а потоа пропржете ги во врело масло.