НАЈДОБРИОТ СОВЕТ НА СТИВЕН ХОКИНГ ЗА СИТЕ КОИ СЕ ВО ДЕПРЕСИЈА: По овие негови зборови животот и проблемите ќе ги гледате со други очи

Стивен Хокинг не само што беше еден од најголемите физичари на нашето време, туку и автор на многу инспиративни зборови упатени до сите нас. Тој беше човек со нескротлив дух, кој и покрај тешката болест што го снајде, ја задржа ведрината и вербата во животот.

Држеше мотивациски говори, а покрај мудрите совети, зад себе остави предвидување за 4-те најтрагични патишта на човековиот развој, по што многумина се замислија каде оди светот.

Стивен Хокинг еднаш зборуваше за депресијата во Кралската институција во Лондон. На годишниот собир на предавачи, научникот направи поетска паралела помеѓу депресијата и црните дупки.

“Пораката од оваа лекција е дека црните дупки не се толку црни како што изгледаат. Тие не се вечни затвори, како што некогаш мислевме”, рече тој.

“Нештата можат да излезат и од црните дупки, можеби дури и да поминат низ нив во друг универзум. Затоа, ако се чувствувате како да сте во црна дупка – не се откажувајте. Секогаш има излез”, додаде тој.

Со оглед на тоа колку тешкотии мораше да надмине и колку беше храбар неговиот живот, треба да слушнете што има да каже овој човек .

Во 1963 година, кога имал само 21 година, му била дијагностицирана ретка неизлечива болест – амиотрофична латерална склероза (АЛС). Лекарите претпоставуваа дека тој нема да живее повеќе од две години по неговата дијагноза. Тие две години се проширија на следните 55!

Професорот Хокинг рече дека научил да го цени она што го има.

“Иако бев и несреќен поради мојата болест, имав среќа во сè друго . Имав многу среќа што имав можност да работам на полето на теоретската физика во време на големи откритија, а ова е една од ретките области на човечка активност во која не ми пречеше мојот инвалидитет”.

“Исто така, важно е да се ослободите од гневот, без разлика колку животот ви изгледа тежок. Ако не можете да се смеете на себе и на животот, тогаш губите секаква надеж”, заклучил Хокинг.

“Многу е важно секогаш да одржувате позитивен поглед на светот, без разлика колку ви изгледа комплициран и непријатен животот, бидејќи ако навреме не научите да се смеете на себе и на животните околности, можете да завршите целосно без надеж“, изјави големиот Стивен Хокинг.