Најдобриот српски голгетер заминува во Саудиска Арабија за 50 милиони евра

Еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер лига и најдобар стрелец во историјата на српската репрезентација, Александар Митровиќ (28), го напушти Фулам.

Митровиќ премина во саудискиот прволигаш Ал Хилал, кој за него плати 50 милиони евра со можни бонуси.Саудијците веќе ги купија Рубен Невес од Вулверхемптон, Калидо Колибали од Челзи, Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Нејмар од ПСЖ. На Милинковиќ-Савиќ, кој беше платен 40 милиони евра, сега му се придружи колега од репрезентацијата и еден од најдобрите светски голгетери.

Напаѓачот, кој минатата сезона постигна 14 гола во Премиер лигата и му помогна на новоформираниот прволигаш да дојде до брилијантното десетто место, во Саудиска Арабија ќе заработува 25 милиони евра годишно, а потпиша договор до 2026 година. Минатата сезона, тој речиси сигурно ќе постигнеше повеќе голови доколку не беше суспендиран на осум кола поради туркање на судијата.

Митровиќ е пет години во Фулам и во Крејвен Котиџ има статус на легенда на која играчите му пееја песни. Претходната сезона тој постигна 43 гола во првенството и со тоа постави рекорд во Чемпионшип. Вкупно за Фулам во пет сезони постигна 111 гола, а за Србија постигна 52 гола.