Најдобриот фудбалер на ‘кралскиот клуб’ со остри критики кон судиите: “Кога ме фаулираат, судиите не обрнуваат внимание, ако јас фаулирам веднаш жолт картон“

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја критикуваше арбитражата во шампионатот на Шпанија.

Бразилецот смета дека не е заштитен од грубите стартови врз него, напротив се пожали дека судиите него веднаш го санкционираат за поостар дуле.

Кога ме фаулираат, судиите не ги вадат картоните. Штом првпат ги прекршам правилата, веднаш добивам картон. Не може играчот со најмногу фаули врз него да има најмногу опомени. Со Реал Мадрид тоа се случува постојано. Судијата вади картон во 89. минута, кога веќе 15 пати сум удрен. Подобро е да не го дава воопшто – ќе има повеќе време за играта. Не сакам да бидам во повластена позиција, туку сакам да реагираат кога треба и да даваат картони во оние ситуации кога треба да се дадат“, изјави Винисиус.

Дваесет и двегодишниот Бразилец оваа сезона забележа 38 настапи за Реал Мадрид, постигна 18 гола и имаше девет асистенции. Тој доби и седум жолти картони.