Најдобрите потези на Никола Јокиќ во победата против Минесота: Уште една натправар за кошаркарските учебници! (видео)

Кошаркарите на Денвер го победија тимот на Минесота со 117:90 во „Таргет Центарот“ и ја намалија предноста на Тимбервулвс во полуфиналната серија на Западната конференција од НБА лигата на 2:1.

Недостасуваше само една асистенција за Никола да забележи уште еден спектакуларен трипл-дабл. Натпреварот го заврши со 24 поени, 14 скока и девет асистенции, а забележа и три украдени топки и три блокади.

Никола во првото полувреме доста се мачеше за да дојде до бодови, но во вториот дел Србинот беше незапирлив во нападот. Тој беше нерешлива енигма за одбраната на Минесота. Тој ги понижуваше своите ривали со брилијантни финти, асистираше, постигнуваше кошеви од сите позиции и на крајот го одведе својот тим до убедлив триумф.

Уживајте во најдобрите потези на маестралниот српски кошаркар: