Најзгодната баба на светот: Можеби има 60 години, но кога ќе се појави во бикини, цело море се разбранува
Деми Мур моментално се одмара во Грција со основачот на Амазон и неговата свршеница на јахта вредна 500 милиони долари.
Дему Мур неодамна стана баба, но тоа никогаш не би го погодиле врз основа на нејзината фигура. Холивудската ѕвезда се фотографираше во бикини и уште еднаш ги остави фановите без зборови.
Деми има 60 години, но долгогодишното вежбање и правилната исхрана резултираа со одлична линија и рамен стомак. Познатата актерка е снимена како ужива и на јахта и на море.
Мур моментално е на одмор во Грција, кој го поминува во друштво на основачот на Amazon, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез , на неговата скапа јахта Кора, чија вредност се проценува на 500 милиони долари.
Имено, таа е во многу блиска врска со познатиот пар бидејќи неодамна стана кума на нивната најмлада ќерка Аријадна-Зое!
Но, тие не се единствените пријатели кои ги посетила во Грција бидејќи претходните денови ги поминала на луксузната јахта на блиските пријатели Андреас и Атанасиус Стегос и во ноќно излегување на островот Миконос.