Најзгодната девојка од Холивуд е во среќен брак веќе 15 години – таа открива дека на вториот состанок ги слушнала зборовите кои засекогаш ја одбележале нивната врска!

Актерката Гал Гадот се омажи за Јарон Васар во 2008 година, кого го запознала преку заеднички пријатели на многу чудна забава пред 17 години. Зборувајќи за меѓусебно запознавање, таа објасни:

Не се сретнавме точно таму, но се сретнавме“, кажала таа.

Кога ја прашале дали веднаш знаела дека тој е тој, таа кажала дека знаела, но била премногу млада за целосно да разбере што се случува. Од друга страна, таа истакнала:

Да! Тој е 10 години постар од мене“.

Гал Гадот
Гал Гадот

Холивудската убавица изјавила и дека на вториот состанок Јарон Васар и рекол дека е сериозен и дека не планира да чека повеќе од две години пред да ја запроси. И токму тоа се случило, открива Гал Гадот.

Парот заедно имаат три ќерки – Алма, Маја и Даниелу. Во исто време, Гал Гадот го фали нејзиниот сопруг дека е одличен родител секогаш кога ќе добие шанса. На „Денот на таткото“ 2021 година, таа објави трогателна објава на социјалната мрежа Инстаграм, велејќи дека таа и нивните ќерки „го погодиле џекпотот“ за да го имаат него во животот.

На нашите девојки им давате совршен пример како треба да се однесува мажот, а љубовта и трпението што им ги давате се бескрајни“, напишала таа.