– Најмалку 12 лица ги загубија животите, а 80 се повредени во стампедо што се случи за време на церемонијата на отворањето на „Островски игри во Индискиот Океан“ на Мадагаскар.
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, премиерот Кристијан Нтсај информираше дека најмалку 12 лица загинаа, а 80 се повредени во стампедо што се случи при влегувањето на публиката на стадионот „Бареа“.
Тој рече дека околу 50.000 луѓе се обиделе во исто време да влезат на стадионот за да го следат настанот.
Спортистите од островските земји Маурициус, Сејшели, Унија на Коморските острови, Мајот, Реунион и Малдиви, учествуваат на островските игри во Индискиот Океан, од кои првите се организирани 1977 година, по што се одржуваат на секои 4 години.
Манифестацијата ќе трае до 3. септември.