Најмалку 15 загинати во пожарите во Алжир

 Во пожарите во алжирските планински региони Безаи и Буири денеска загинаа најмалку 15 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи во време на топлотни бранови во северна Африка и јужна Европа.

Околу 7.500 пожарникари се бореа да ги стават пожарите под контрола, соопштија локалните власти.

Пожарникарите се на терен и во регионите Бумерд, Тизи Уту, Џијел и Скикда. Евакуирани се околу 1,5 илјади луѓе.

Топлотниот бран што ги зафати северноафриканските земји донесе температури и до 49 степени во некои градови во Тунис.