Најмалку 22 Американци досега загинале во Израел

– Најмалку 22 американски државјани загинаа во војната меѓу Израел и Хамас што избувна во саботата, соопшти денеска портпаролот на Стејт департментот.

– Изразуваме длабоко сочувство до жртвите и до семејствата на сите засегнати, рече портпаролот.

Администрацијата на американскиот претседател Бајден сè уште не знае ништо за состојбата на Американците кои Хамас ги држи како заложници.

Има околу 20 Американци кои во моментов се водат како исчезнати, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Тој додаде владата не знае колку од нив биле земени како заложници од Хамас.