Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во турски Кахраманмараш, а потоа уследија 50 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.
Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во десет турски области од силниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Туркије, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Анадолу.
„Во земјотресот срушени се вкупно 1.710 згради“, рече Октај на прес-конференција.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во турски Кахраманмараш, а потоа уследија 50 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.
Од земјотресот тешко се погодени и областите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис.
Земјотресот е почувствуван и во соседна Сирија каде загинаа најмалку 427 луѓе, а стотици се повредени. Потресот се почувствува и во Ирак, Либан, Египет и други региони.
„Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги следи и управува со случувањата од моментот на земјотресот“, рече Октај.
Тој додаде дека аеродромот во Хатај во моментов е затворен за летови, нагласувајќи дека се затворени и Кахраманмараш и Газиантеп за цивилни летови.
Ердоган на Твитер изрази сочувство до граѓаните погодени од земјотресот и додаде дека ангажирани се Управата за вонредни состојби на Туркије (АФАД) и други државни институции и агенции.
Напомена дека спасувачките екипи веднаш се испратени во подрачјата погодени од земјотресот.
Во операциите за пребарување и спасување ангажирани се сите надлежни служби на Република Туркије, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат релевантни екипи од сите делови на Туркије. Преку Министерството за надворешни работи, Туркије побара меѓународна помош во областа на потрага и спасување.