Најмалку 33 лица загинаа, а 16 се повредени во одвоени сообраќајни несреќи во Авганистан

Најмалку 33 лица загинаа, а 16 се повредени во одвоени сообраќајни несреќи во источен Авганистан, соопштија денеска локалните власти.

Во областа Сораби во провинцијата Кабул, 17 лица, меѓу кои две деца и четири жени, загинаа во десет судири на автопатот што го поврзува главниот град на Авганистан – Кабул со источната провинција Нангархар.

Во сообраќајките се повредени уште десет лица кои се примени на болничко лекување.

Во источната провинција Лагман се случиле четири сообраќајни несреќи во кои загинале 15 лица, се наведува во соопштението на локалната полиција.

Едно лице загина, а шест се повредени во сообраќајни несреќи во други делови на таа провинција.

Сообраќајните несреќи се чести во Авганистан, главно поради лошите услови на патиштата и невнимателните возачи на автопатите. п