НАЈМЛАДАТА МИЛИЈАРДЕРКА ОБВИНЕТА ЗА ПЛАГИЈАТ !? Кајли Џенер е обвинета дека ја украла нејзината нова линија облека од банкротирана дизајнерка

Влијателната инфлуенсерка и бизнисменка Кајли Џенер е обвинета дека ги украла идеите на друг дизајнер за нејзината нова линија на облека KHY.

Ѕвездата на „Keeping Up with the Kardashians“ се најде на удар на Бетси Џонсон, која дизајнира за Products Ltd, која тврди дека Кајли Џенер ги земала нејзините идеи и ги искористила за да заработи пари со новообјавената модна колекција. Бетси Џонсон објави жесток коментар за Кајли Џенер (26 г.) на социјалните мрежи, тврдејќи дека таа се гуши во долгови додека Кајли Џенер заработува од нејзината работа.

слика
Кајли Џенер

Навредената дизајнерка потоа сподели фотографија со детали за отплатата на нејзиниот студентски заем во табела. На фотографијата се гледа дека таа должи 48.294,43 фунти. Бетси Џонсон, која работи како стилист, консултант и креативен директор и е поврзана со брендови како Luisa De Javier и Balenciagа, а потоа продолжи со нападите.

Зјапам во мојот студентски долг. Работев за ова. Како и многу други деца од работничката класа кои работеа напорно“, напиша таа.

Бетси Џонсон последователно објави статија за лансирањето на брендот на Кајли Џенер, додавајќи емоџи (смајки) со средниот прст над објавата. Во последната објава, таа сподели скриншот (фотографија од екран) од порака од колега корисник на социјалните мрежи која гласи:

Чекај сестро… Зошто насловот ме потсетува на концептот Products Ltd ?!!!! Дали тоа сакаше да ми го кажеш или грешам ?“.

Кајли Џенер не ги коментираше наводите, но зборуваше за The Wall Street Journal за нејзиниот нов деловен потфат.

Креативно, имам толку силна визија за тоа како сакам да изгледам, што сакам да правам и што сакам да носам. Навистина никој не ми кажува што да правам“, истакна таа.